Малолетничка загина, а три лица с еповрдени во сообраќајка на патот Патишка река - Осинчани.
- Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на локалниот пат меѓу скопските села Патишка река и Осинчани, соопшти МВР.

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на локалниот пат меѓу скопските села Патишка река и Осинчани, соопшти МВР.
- На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река - с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во соопштението.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. е приведен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.са/
Фото: МИА архива