• недела, 01 септември 2024

Малолетник тешко повреден откако во него удрило „ауди“

Малолетник тешко повреден откако во него удрило „ауди“
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Малолетен пешак е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило „ауди“, соопшти полицијата. Несреќата се случила вчера на улицата „3“ во скопското село Трубарево, а била пријавена попладнето околу 18.00 часот. „Аудито“ имало скопски регистарски ознаки и го управувал скопјанецот С.Ј. (28). Според МВР, малолетникот е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му се констатирани повредите. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. мч/лв/

Остани поврзан