• петок, 27 декември 2024

Мали го прогласи за „персона нон грата“ директорот на одделот за човекови права на мировната мисија на ОН

Мали го прогласи за „персона нон грата“ директорот на одделот за човекови права на мировната мисија на ОН

Бамако, 6 февруари 2023 (МИА) – Привремената влада на Мали соопшти дека директорот на одделот за човекови права на мировната мисија на ОН има 48 часа да ја напушти земјата бидејќи е прогласен за „персона нон грата“.

Во соопштението се наведува дека одлуката за протерување на Гијом Нгефа-Атондоко Андали е поврзано со неговиот наводен пристрасен избор на очевидци од граѓанското општество за брифинзите на Советот за безбедност на ОН за Мали, од кои последниот се одржа на 27 јануари.

Властите на Мали се под притисок поради наводните прекршувања на човековите права и злоупотреби наводно извршени од вооружените сили на Мали во партнерство со руската воена група Вагнер во Мали.

На 31 јануари, експертите на ОН повикаа на независна истрага за можни воени злосторства и злосторства против човештвото од страна на двете сили.

На 4 февруари Владата на Мали, која ја презеде власта со воен удар во 2021 година, издаде изјава во која се спротивстави на некои од обвинувањата на ОН и ја нагласи посветеноста на властите да ги почитуваат човековите права во согласност со меѓународното и националното право. ми/

Остани поврзан