Малдини нема да учествува на прославите за 125-годишнината од создавањето на Милан
- Една од најголемите легенди во историјата на Милан, Паоло Малдини, ја одби поканата да се приклучи на прославата на 125-годишнината од создавањето на клубот.
Милано, 12 декември 2024 (МИА) - Една од најголемите легенди во историјата на Милан, Паоло Малдини, ја одби поканата да се приклучи на прославата на 125-годишнината од создавањето на клубот.
Во последните недели, „росонерите“ развија цела кампања околу годишнината. Врвот на сите прослави ќе биде на 16 декември, кога е создаден седумкратниот европски првак.
Малдини беше дел од раководството на Милан до јуни 2023 година. Сопственикот Гери Кардинале потоа ги отпушти него и Фредерик Масара како технички и спортски директор, соодветно.
Легендарниот број 3 дефинитивно не се раздели со својот сакан клуб во добри односи и речиси и не го коментираше тоа во јавноста.
Исто така не беше поканета уште една легенда на „росонерите“ - Звонимир Бобан. дс
Фото: Архива