• среда, 18 декември 2024

Малдини: На Милан му недостасуваат пет играчи

Малдини: На Милан му недостасуваат пет играчи
Милано, 24 август 2021 (МИА) - Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, го сподели своето мислење за работата на клубот на трансфер пазарот. - Ја чувавме базата на тимот од минатата година. На сегашниот список му недостасуваат пет клучни играчи во споредба со минатата година, но во исто време, ми се чини, станавме посилни. Неопходно е да се завршат некои мали нешта на пазарот, а потоа екипирањето на тимот ќе биде завршено. Ибрахимовиќ и Жиру? Секогаш треба да им дозволите на најдобрите играчи да играат. Ако се во ред, зошто не играат заедно? Тие имаат слична физичка структура, но различни карактеристики. Ибрахимовиќ може да дејствува и како преден плејмејкер. Мислам дека сме на заедничка линија во разговорот за обновување и потпишување на договорот со Кеси. Мораме да дејствуваме во согласност со принципите на одржливост, без да ги надминеме одредени граници, изјави Малдини за „Фудбал Италија“. Во првиот натпревар од новата сезона во Серија А, Милан ја победи Сампдорија со 1:0. Следниот натпревар миланезите ќе го одиграат на 29 август против Каљари. зс/

Остани поврзан