• петок, 27 декември 2024

Мала „наезда“ на бебиња на ретки горили во Уганда

Мала „наезда“ на бебиња на ретки горили во Уганда
Кампала, 3 септември 2020 (МИА)Уганда објави дека кај еден загрозен вид горили во Националниот парк Бвинди, којшто е под заштита на УНЕСКО, пет младенчиња се родиле за само шест недели.  Како што соопшти Агенцијата за заштита на природата на Уганда - УВА, последното бебе-горила од реткиот подвид Рушегира, се родило викендов. Со тоа, бројот на новородени малечки се искачи на седум оваа година. За споредба, лани беа родени само три младенчиња. Туристите кои го посетуваат паркот, имаат можност да ги набљудуваат тамошните околу 400 планински горили, што е околу половина од вкупната нивна популација во светот. Бвинди се наоѓа во југозападна Уганда, долж границата со Демократска Република Конго. Паркот се протега на над 320 квадратни километри со густа тропска шума и претставува дом на голем број животни. си/паг/

Остани поврзан