• среда, 13 ноември 2024

„Макстил“: Емисионите вредности на цврсти честички од компанијата се на минимално ниво

„Макстил“: Емисионите вредности на цврсти честички од компанијата се на минимално ниво
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Минимално ниво на емисионите вредности на цврсти честички и многу пониски од граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, покажаа мерењата во „Макстил“. Од „Макстил“ наведоа дека мерењата се правени на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи со полн капацитет. - На мерната точка „Оџак на Пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3 во овој период најниска вредност е измерена во јануари 0,32 mg/Nm3, а највисока во август со измерени вредности од 3,39 mg/Nm3. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е во септември и изнесува 0,3 mg/Nm3, а највисоката во јули и изнесува 8,08 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3, наведоа од „Макстил“. Оттаму додадоа дека потврдените вредности, исто така се пониски и од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности. - Континуираното намалување на вредностите е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за контролирање на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата и максималното намалување на емисиите на цврсти честички во воздухот, истакнаа од „Макстил“. см/сп/

Остани поврзан