• петок, 27 декември 2024

Макстил добитник на наградата за зелена агенда на Стопанската комора

Макстил добитник на наградата за зелена агенда на Стопанската комора

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија, по повод 101 годишнината на комората, денеска ја врачи наградата за зелена агенда на Макстил АД Скопје.

Делегацијата во состав Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ оперативен директор и Михајло Донев, проект менаџер во Стопанската комора ја врачија наградата за зелена агенда на генералниот директор на Макстил АД Скопје Марија Дуковска Павловска. 

Од Стопанската комора, информираат дека процесот на прилагодување на начинот на производство Макстил успешно го применува веќе извесно време давајќи огромен придонес пред се во „зелената агенда“, поточно во зачувувањето на здравјето на луѓето и секако зачувувањето на животната средина.

Системот за отпрашување во челичарницата, производство на течен челик во електропечка, како и заложбите за спроведување на суштинска циркуларна економија и определбата за „нула отпад“, односно реискористување на сите нус-производи во процесот на добивање готов производ, како што посочуваат од Стопанската комора, се во контекст на зелената агенда на Макстил. аа/цр

Фото: Стопанска комора

Остани поврзан