• среда, 25 декември 2024

Макрон ќе го посети вечерва местото на нападот

Макрон ќе го посети вечерва местото на нападот
Париз, 16 октомври 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети предградието на Париз, Конфлан Сент-Онорин, каде беше обезглавен наставник од родител на ученик, кој за време на нападот извикувал „Алах Акбар“ (Бог е голем). Макрон ќе замине во предградието северозападно од францускиот главен град, вечерва по итниот состанок во Министерството за внатрешни работи. Жртвата е наставник по историја во средно училиште на колеџот и гимназија Буа Д’Олн. Тој неодамна им покажувал на своите ученици карикатури на Мухамед за време на час по слободен говор. Истрагата која е отворена се води за „напад во врска со терористички потфат “ и „злосторничко терористичко здружување“, таа е во надлежност на антитерористичките потдирекции на полицијата и Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ). тг/гт/

Остани поврзан