• сабота, 23 ноември 2024

Макрон: Франција, Турција и Грција планираат евакуација на населението од Мариупол

Макрон: Франција, Турција и Грција планираат евакуација на населението од Мариупол
Брисел, 26 март 2022 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека заедно со Турција и со Грција планираат „хуманитарна операција“ за евакуација на луѓето од украинскиот разурнат град Мариупол. Тој истакна дека е во контакт со градоначалникот на Мариупол и оти „се координираме и потоа ќе преговараме со Русите“. Макрон наведе дека во следните 48 до 72 часа ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. ми/

Остани поврзан