• сабота, 23 ноември 2024

Макрон: Франција на Украина ќе и испрати борбени авиони „Мираж“

Макрон: Франција на Украина ќе и испрати борбени авиони „Мираж“

Париз, 7 јуни 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа соопшти дека неговата земја ќе и испрати на Украина борбени авиони „Мираж“, а француската армија ќе ги обучува украинските пилоти.

Макрон повтори дека на Украина треба да и се дозволи да користи оружје обезбедено од нејзините западни сојузници за да ги гаѓа руските воени цели и да ги „неутрализира точките од кои земјата се напаѓа“.

Украина се бори да го запре неодамнешниот руски напредок во источните региони Харков и Доњецк. Офанзивата има за цел да го искористи недостигот на муниција и војници во Киев долж линијата на фронтот од околу 1.000 километри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера присуствуваше на комеморацијата за сојузничката инвазија на Нормандија во 1944 година со светските лидери во Франција и повторно побара дополнителна помош од Западот.

Зеленски и неговата сопруга Олена денеска ќе се сретнат со француските претставници во Париз.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан