• среда, 25 декември 2024

Макрон упати заеднички повик за „воздржаност“ на Блискиот Исток со лидерите на ОАЕ и Саудиска Арабија

Макрон упати заеднички повик за „воздржаност“ на Блискиот Исток со лидерите на ОАЕ и Саудиска Арабија

Париз, 5 август 2024 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, неговиот колега на чело на Обединетите Арапски Емирати - шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и престолонаследникот на Саудиска Арабија - Мохамед бин Салман Ал Сауд, денеска упатија заеднички апел до сите учесници на процесите на Блискиот Исток „да покажат одговорност и воздржаност за да се избегне регионален пожар“, пренесе БТА.

-Разговарав со претседателот Мохамед бин Зајед и престолонаследникот Мохамед бин Салман за ситуацијата на Блискиот Исток. Ги повикуваме сите актери да покажат одговорност и воздржаност за да се избегне регионален пожар. Никој не е заинтересиран за ескалација, напиша шефот на француската држава на социјалната платформа „Х“ во контекст на зголемените тензии меѓу Израел, од една страна, и Иран и неговата блиска либанска шиитска група, Хезболах, од друга страна. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан