• среда, 25 декември 2024

Макрон со лидерите од Сахел разговара за борбата против џихадистите

Макрон со лидерите од Сахел разговара за борбата против џихадистите
Париз, 13 јануари 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателите на Групата пет земји од Сахел се сретнаа денеска на југозападот од Франција каде разговараат за засилување на воената соработка во борбата против џихадистите. До средбата дојде откако САД соопштија дека ќе го намалат своето воено присуство во Африка. Маркон и претседателите на Буркина Фасо, Мали, Мауританија, Нигер и Чад, пред почетокот на самитот положија цвеќе во знак на почит кон групата од 13 француски војници кои во ноември настрадаа во хеликоптерска несреќа во Мали, јавија американските медиуми. По самитот е предвидена и работна вечера на која треба да им се приклучи и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш,  претседателот на Одборот на Африканската унија, Муса Факи, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. сд/

Остани поврзан