• среда, 25 декември 2024

Макрон со видео снимка го демонстрира единството на ЕУ

Макрон со видео снимка го демонстрира единството на ЕУ

Париз, 10 мај 2020 (МИА) - Во време на пандемијата на Ковид-19, кога се чини дека европските земји се повеќе се разделени, шефот на француската држава Емануел Макрон ја демонстрира кохезијата на Европската унија со едно необично и неочекувано видео, јави дописникот на МИА од Париз.

Макрон на својот Твитер профил објави видео каде се појавува со своите пријатели од Европската унија во обид да го заборави „мрачното расположение“ за време на пандемијата „Ковид-19“.

- Да се осмелиме, да се обединиме, да размислуваме и да дејствуваме за иднината, ова е европскиот дух што сè уште ни треба денес, објаснува Макрон во ова видео направено и коментирано од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со пораката: „Европа е слобода, толеранција, отвореност, разновидност, почит, иновација, креативност, динамичност. Европа е исто така солидарност и единство“.

На 23 април, на крајот на седницата на Европскиот совет, што се одржа преку видео конференција, претседателот на Франција потсети на „должноста за единство и солидарност“ на земјите од Европската унија.

- Ни треба обединет, организиран и силен одговор, особено за поддршка на државите во пресрет на претстојната економска криза. Идејата не е да се избрише сето минато, туку да се каже: Оваа криза нема никаква врска со сето ова. Ние мора да застанеме заедно и никој да не оставиме зад себе, рече тогаш Макрон.

Тој додаде дека „Европа е во моментот на вистината и мора да сториме сè за да имаме одговор што одговара на нејзината историја“. тг/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан