• среда, 25 декември 2024

Макрон: Путин одлучи да не запира

Макрон: Путин одлучи да не запира
Париз, 12 април 2022 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин „одлучил да не запре“ во Украина бидејќи му треба „воена победа за самиот себе, иако сфатил дека Украина нема да се потчини“. Во интервју за францускиот неделник „Ле Поинт“, Макрон рече дека Мариупол, градот во источна Украина на кој се фокусирала руската армија, „можеби е фиксација на Путин бидејќи тој е симбол на Украина која дава отпор“. Со концентрирање на офанзивата на Донбас, рускиот претседател се обидува „да постигне победа и за цел ја има славната воена парада на 9 мај (одбележување на победата над нацизмот), многу важен датум за него и за Русија“, рече Макрон. Францускиот претседател рече дека поради тоа, малку верува во колективните напори Путин да се стави на преговарачка маса во краток рок. Како што пренесе Бета, Макрон се обиде да ги оправда и своите бројни телефонски разговори со Путин. - Ако веќе не разговара со никого, тогаш не знаеме до каде може да стигне. Тоа е моја опсесија. Му реков дека кога ќе влезе во циклус на насилство, најтешко е да се запре. Опасност и пресврт е да се влезе во неповратното, рече Макрон. јт/

Остани поврзан