• петок, 20 декември 2024

Макрон: Пријателска земја е нападната, нема да попуштиме

Макрон: Пријателска земја е нападната, нема да попуштиме
Париз, 2 ноември 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека „Французите ја делат тагата на Австријците по терористичкиот напад во Виена“, најавувајќи „борба против непријателите на Европа“. „Ние, Французите, го делиме шокот и тагата на Австријците по нападот во Виена. По Франција, пријателска земја е нападната. Ова е нашата Европа. Нашите непријатели мора да знаат со што си имаат работа. Ние нема да попуштиме пред ништо", напиша Макрон на Твитер. паг/

Остани поврзан