Макрон предупредува дека ЕУ може да биде „блокирана“ од големо присуство на крајната десница во ЕП
- Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ЕУ ризикува да биде блокирана од големо екстремно десничарско присуство во Европскиот парламент по изборите оваа недела.
Париз, 6 јуни 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ЕУ ризикува да биде блокирана од големо екстремно десничарско присуство во Европскиот парламент по изборите оваа недела.
„Ако Франција испрати многу голема делегација на екстремната десница, ако другите големи земји го сторат тоа, Европа може да биде блокирана“, изјави Макрон за француски медиуми.
„Мораме на 9 јуни (кога Франција гласа) да се бориме да ги одбраниме оние што се борат за Европа, бидејќи Европа не штити“. зш/
фото ЕПА