• среда, 18 декември 2024

Макрон предложи резолуција во ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса

Макрон предложи резолуција во ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса
Брисел, 31 мај 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел изјави дека на неговиот руски колега Владимир Путин му предложил резолуцијата на ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса за да се дозволи извоз на украинските житарици.
-Во разговорот што го имавме со германскиот канцелар Олаф Шолц минатата сабота, му предложив на претседателот Путин да преземеме иницијатива за резолуција на ОН за да се направи јасна рамка за операцијата на извоз на жито, рече Макрон од Европски самит во Брисел.
Русија воведе блокада на украинските пристаништа во Црното Море, особено на пристаништето Одеса, додека украинските власти сакаат да извезат околу 20 милиони тони жито складирано во силосите на земјата.
Макрон додаде дека на Киев му се потребни „легитимни безбедносни гаранции“ и додаде дека ОН може да го обезбедат тоа. сд/

Остани поврзан