• недела, 17 ноември 2024

Макрон: Правото на карикатура е суштински дел од францускиот идентитет

Макрон: Правото на карикатура е суштински дел од францускиот идентитет
Париз, 4 септември 2020 (МИА) - Правото на карикатура и потсмев, дури и на религија, претставува суштински дел од францускиот идентитет, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон на церемонијата за натурализација, два дена по почетокот на судењето на обвинетите за вмешаност во нападот на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“. Во Пантеон во Париз, Макрон свечено предаде документи за петмина нови државјани на Франција, на церемонијата по повод 150-годишнината од Третата Република. - На почетокот на судењето за нападите во јануари 2015 година, реков дека да се биде Французин значи да се брани правото на смеа, шеги, потсмев и карикатура, за што Волтер тврдеше дека е основа на сите други права, рече Макрон. Тој на церемонијата им посака добредојде на петмина нови државјани од Велика Британија, Алжир, Камерун, Перу и Либан, велејќи дека мигрантите веќе долго време се движечка сила во Франција. Тој исто така посочи дека Третата Француска Република е прогласена на 4 септември 1870 година од страна на италијанскиот имигрант Леон Гамбета. Во Франција пред два дена започна судењето на тринаесет мажи и една жена обвинети дека се  соучесници на радикални исламисти кои убија 17 лица во јануари 2015 година во редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ и на еврејскиот пазар. паг/  

Остани поврзан