• среда, 27 ноември 2024

Макрон: Потребна е меѓународна истрага за експлозијата во Бејрут

Макрон: Потребна е меѓународна истрага за експлозијата во Бејрут
Бејрут, 6 август 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Бејрут изјави дека тој нема нови информации за причината за смртоносната експлозија во пристаништето во тој град, освен оние што веќе се објавени. Тој истакна дека е потребна потранспарентна меѓународна истрага. Прелиминарна истрага укажува дека експлодирал товар на амониум нитрат. Во силната експлозија што пред два дена го погоди центарот на Бејрут загинаа најмалку 137 лица, а повеќе од 5.000 се повредени. Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем. јт/

Тагови

Остани поврзан