• среда, 18 декември 2024

Макрон не ја исклучува можноста за продажба на француски банки на европските ривали

Макрон не ја исклучува можноста за продажба на француски банки на европските ривали

Париз, 13 мај 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека европскиот банкарски сектор треба да помине низ „поголема консолидација“, дури и ако тоа значи дека една од главните француски банки да биде купена од европски ривали.

Макрон долго се залагаше за унија на европските пазари на капитал, тврдејќи дека сегашната фрагментација на банкарскиот сектор во регионот го кочи растот на блокот.

На прашање од Блумберг дали би бил подготвен да дозволи продажба на француската Сосиете Женерал на шпанскиот Сантандер, Макрон рече: „Ако сте Европејци, тоа значи дека ви треба консолидација на начин на Европејци“. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан