Макрон не исклучува можност за испраќање борбени авиони за Украина
- Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека „нема да ја исклучи“ можноста за испраќање борбени авиони во Украина, но предупреди на ризик од ескалација во конфликтот.
![Макрон не исклучува можност за испраќање борбени авиони за Украина](https://new.mia.mk/index.php/images/20230130203811_big_730x400_34.webp )
Париз, 30 јануари 2023 (МИА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека „нема да ја исклучи“ можноста за испраќање борбени авиони во Украина, но предупреди на ризик од ескалација во конфликтот.
„Во принцип, ништо не е исклучено“, рече Макрон по разговорите со холандскиот премиер, Марк Руте, на прашањето дали постои можност за испраќање борбени авиони за Киев како поддршка на борбата против руската инвазија. аб/