• четврток, 26 декември 2024

Макрон: Неопходен е дијалог со Москва, без отстапувања од вредностите

Макрон: Неопходен е дијалог со Москва, без отстапувања од вредностите
Брисел, 24 јуни 2021 (МИА) - Дијалогот со Русија е неопходен за стабилноста на Европа, но тој мора да биде „напорен“ за да не „отстапиме од нашите вредности“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
„Станува збор за тежок дијалог затоа што не отстапуваме од нашите вредности, ниту од нашите интереси“, рече Макрон по пристигнувањето на самитот на Европската унија во Брисел.
Лидерите на Европската унија вечерва на самитот ќе разговараат за односите со Русија и форматот на дијалогот што треба да се води со рускиот претседател Владимир Путин.
Германската канцеларка Ангела Меркел претходно денеска изјави дека Европската унија треба да воспостави „директен контакт“ со Русија и рускиот претседател и да „создаде механизми“ за „заеднички одговор на провокациите и хибридните напади“ од Москва. паг/    

Остани поврзан