• вторник, 19 ноември 2024

Макрон: На Франција и треба ред и враќање на авторитетот на секое ниво

Макрон: На Франција и треба ред и враќање на авторитетот на секое ниво

Париз, 23 јули 2023 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека по неодамнешните немири низ Франција предизвикани од полициското убиство на тинејџер во предградие на Париз, научил лекција дека на земјата и треба ред и враќање на авторитетот на секое ниво.

- Лекцијата што ја научив од ова е ред, ред и ред, рече Макрон, пренесе Франс 24.

Тој го осуди палењето на училишта, градски сали, спортски сали и библиотеки за време на протестите против полициската бруталност. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан