• четврток, 19 декември 2024

Макрон најави консултации за полициските реформи

Макрон најави консултации за полициските реформи

Париз, 9 декември 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон најави национални консултации за полициските реформи во време кога постои загриженост дека полицијата ја губи довербата кај француската јавност.

Објавувањето уследи по повеќе обвинувања за полициско насилство, од кои неколку беа снимени во последните неколку недели за време на протест против новиот закон со кој на полициските службеници им се даваат овластувања за кои според критичарите се закануваат граѓански слободи и слобода на печатот, објави Гардијан

- Кога имате боја на кожа која не е бела, тие ве спречуваат многу повеќе. Вие сте идентификувани како дел од проблемот. Тоа не може да се оправда, рече Макрон минатата недела во интервју кое ги налути полициските синдикати.

Претседателот на Франција се обидува да балансира помеѓу јавноста и полицијата, наведува весникот.

Во писмото на три страници до лидерот на полицискиот синдикат СГП-ФО Ив Лефевр, Макрон рече дека има итна потреба за полициска реформа и дека ќе почне консултации во јануари. паг/

Остани поврзан