• петок, 18 октомври 2024

Макрон и Стармер утре во Берлин на средба со Бајден и Шолц

Макрон и Стармер утре во Берлин на средба со Бајден и Шолц

Берлин, 17 октомври 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер утре ќе престојуваат во Берлин, каде ќе се сретнат и ќе разговараат со американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска портпаролот на германската Влада.

Бајден од денеска е во посета на Германија, каде што ќе има и посебна средба со Шолц, јавија британските медиуми.

Како што беше претходно објавено, Бајден минатата недела ја откажа посетата на Германија поради ураганот Милтон, што погоди делови од САД.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан