• сабота, 06 декември 2025

Макрон: Единството на Европа и САД е клучно за мирот во Украина

Макрон: Единството на Европа и САД е клучно за мирот во Украина

Париз, 5 декември 2025 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека единството на Европа и САД е клучно во поддршката за Украина, додавајќи оти „нема недоверба“.

- Клучно е единство на Американците и Европејците за украинското прашање. И повторувам: мораме да соработуваме. Ги поздравуваме и поддржуваме мировните напори на САД. На САД им се потребни Европејците за мировните напори, посочи Макрон.

Германскиот весник Шпигел (Der Spiegel) вчера објави делови од конференцискиот повик на 1 декември помеѓу германскиот канцелар, претседателот на Франција и на Украина и други европски лидери за мировните преговори помеѓу Русија и Украина.

Според транскриптот Макрон предупредил дека САД би можеле да ја предадат и Украина и Европа.

- Постои можност САД да ја предадат Украина на територијата без јасни безбедносните гаранции, навел Макрон додавајќи оти украинскиот претседател Володимир Зеленски е во „голема опасност“.

Додека според Шпигел, германскиот канцелар Фридрих Мерц го предупредил Зеленски следните денови да биде „многу внимателен“.

- Тие си играат со вас и со нас, изјавил Мерц, веројатно алудирајќи на двајцата американски преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер. ми/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан