• среда, 25 декември 2024

Макрон го осуди нападот врз Израел, разговараше со Нетанјаху и Абас

Макрон го осуди нападот врз Израел, разговараше со Нетанјаху и Абас

Париз, 7 октомври 2023 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги осуди нападите врз Израел и кажа дека за ситуацијата разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, палестинскиот претседател Махмуд Абас и другите регионални лидери.

Француското претседателство соопшти дека Макрон разговарал и со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и вршителот на должноста премиер на Либан Наџиб Микати, јавија британските медиуми.

„Претседателот изрази загриженост за ситуацијата и сите ги потсети на важноста да се осудат недвосмислените терористички напади против Израел, неговите војници и неговиот народ“, се додава во соопштението на Елисејската палата.

Макрон претходно денеска на платформата Х (Твитер) напиша дека разговарал со Нетанјаху и со израелскиот претседател Исак Херцог.

„Франција е солидарна со Израел и Израелците, посветена на нивната безбедност и нивното право да се бранат“, посочи.

Палестинскиот претседател Абас го повика Макрон да интервенира за да се запре „израелската агресија“ спроведена од „окупациските сили или доселенички групи против Палестинците“, јави палестинската агенција ВАФА. Сд/

Остани поврзан