• среда, 18 декември 2024

Макпетрол организираше специјален пречек за медалистот Стојановски

Макпетрол организираше специјален пречек за медалистот Стојановски

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) – Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ е пречекан со сите почести во карате матичниот негов клуб Макпетрол.

Стојановиќ на неодамнешното Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција,Италија, освои бронзен медал во категоријата +84 кг.

- На специјалниот пречек организиран со сите почести во матичниот клуб „Макпетрол“ присуствуваа сите другари од клубот предводени од стратегот Бошко Заборски кој не го криеше задоволството од успехот на Стефан, како и тренерот Петар Заборски, кој се рехабилитира од повредата. Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на шампионатот, соопштија од КК Макпетрол.

На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските шампионати, пред две години во Коња, Турција, освои сребро. 

Стефан е прв на Светската ранг-листа на ВКФ во категоријата над 84 килограми во У-21. зс/

Остани поврзан