• четврток, 26 декември 2024

Македонците во Албанија не ги признаваат резултатите од пописот, МНР ќе го повика амбасадорот Марковски на консултации

Македонците во Албанија не ги признаваат резултатите од пописот, МНР ќе го повика амбасадорот Марковски на консултации

Скопје, 30 јуни 2024 (МИА) – Прелиминарните резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата, реагираше Министерството за надворешни работи и најави дека ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес. Остри реакции стигнаа и од најстарата македонска организација во Албанија “Друштво Преспа”, Македонското друштво „Илинден“-Тирана, како и Партија на слободата за Мала Преспа, кои обвинија за груб пописен фалсификат.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, вчера соопшти дека со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година и остро реагира на употребата на терминот „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница.

-Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација резултираа со објава на прелиминарни податоци кои што за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Дополнително, Министерството изразува незадоволство и остро реагира на употребата на терминот „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница, стои во реакцијата на МНР.

Македонскиот дипломатски синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска обвини дека против тројца дипломати се водат дисциплински постапки поради тоа што имале настап на трибина п

Министерството воедно најави дека ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес, разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.

-Министерството во претстојниот период интензивно ќе соработува со надлежните претставници на властите во Република Албанија и со претставниците на Македонската заедница во Република Албанија во насока на нивна културна и социјална промоција во рамките на албанското општество, што за жал и повеќе од очигледно било целосно запоставено од страна на претходната политичка гарнитура во нашата држава. Сите отворени прашања меѓу две соседни држави треба да се решаваат преку дијалог и меѓусебно разбирање и почитување на правилата, принципите и вредностите на меѓународниот правен поредок, стои во соопштението од МНР.

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, порано денеска соопшти дека ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и “Бугарите“ и ги смета за груб пописен фалсификат. 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана „најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско“, во однос на реализирањето бес

-Друштво Преспа изразува загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат 2.281 “Северномакедонци”, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. Потсетуваме дека не станува збор за доселеници во Албанија од државата “Северна Македонија”, која во спротивност со меѓународното право под тоа име постои од 11 јануари 2019 година според Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, туку за домородно македонско население кое со векови живее во свои домови и на своја автохтона територија, стои во реакцијата на Друштвото.

Тие, како што наведуваат, за груб пописен фалсификат ја сметаат објавената бројка од 7.957 “Бугари” во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. Опстојуваат на тврдењето дека „во Албанија “етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1912 до 2023 година, не постои макар еден “Бугарин” на целата територија на Албанија“. 

Воедно, од Друшвото упатуваат протест до Претседателот, Собранието и Владата на Албанија, бидејќи, како што посочуваат, подлегнале на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, доколку Тирана не впиши “Бугари” во Законот за националните малцинства и доколку не декларира “Бугари” на последниот попис на населението

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, исто така, остро реагираше по објавените пописни резултати, кои се однесуваат на бројот на Македонците во Албанија.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, упатија честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ - ОА г.г. С

- Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме  за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од пописните формулари како се изјаснувале жителите во Република Албанија, стои во реакцијата.

Се додава дека "овие податоци се заштитени со закон, но објавуваните материјали покажуваа дека бугарските служби имале пристап до нив".

- Во име на Македонците во Република Албанија не само што не ги признаваме фалсификуваните пописни податоци за македонското национално малцинство, туку бараме и од државата и од меѓународните институции да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати се против уставниот поредок и европските аспирации на Република Албанија, нагласуваат од "Илинден".

Исто така друштвото бара спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност во Република Албанија. 

Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, вчера на презентирањето на пописните резултати од ИНСТАТ, демонстративно ја напуштиле салата откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стоело име на државата Северна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.

Во однос на пописните резултати што ги соопопшти албанскиот Институт за статистика, остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани, порачувајќи дека не ги признаваат и ја повикаа „европската заедница да спороведе суштинска проверка на нелигитимниот попис и веднаш да реагира“.

Во однос на пописните резултати што денеска ги соопопшти албанскиот Институт за статистика, остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани,

-Пописот не го признаваме, бараме повторување на истиот каде што доминантно е македонското малцинство, со меѓународна строга контрола без никакво надворешно мешање. Бугари во Албанија има, ама само во конзуларните претставништва - пописот нема никаква релевантна основа за состојбата на терен, револтирано изјави Јани.

Додава дека во Република Албанија не живеат никакви Бугари и нагласува дека „единствени Бугари се само назначените функционери во Бугарската амбасада во Тирана, и ова им е јасно на сите, па така и на бугарската држава“.

Посочува дека никогаш порано никој, на сите спроведени пописи во Албанија, не се попишал како Бугарин, но овојпат „околностите под кои се случи пописот дозволија надворешно мешање, агитирање и уцени врз македонското население, се со цел да се попишат како Бугари, а зошто тоа го направија на сите им е јасно“.

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани, бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал. За манипулации со бројките претходно обвини и опозицијата во Албанија, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат.

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за  Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во

Според резултатите од пописот што вчера ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во соседна Албанија живеат 2.281 Македонец.

Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.

Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци. Останатите се на друга етничка група или одбиле да се изјаснат.

Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година. Првиот попис е спроведен во 1923 година, а претпоследниот  беше во 2011 година. Албанскиот Институтот за статистика ИНСТАТ, во петокот објави дека, врз основа на прибраните податоци од спроведениот попис Албанија има  2.402.113 милиони жители. 

Албанската опозиција, исто така, реагираше во врска со податоците околу бројот на населението при што обвини дека Институтот за статистика, ИНСТАТ, лаже со податоците околу на населението а премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“.

Демократската партија вели дека има манипулација со податоците од пописот и за бројот на населението и за становите. И од крилото на демократите предводено од Љуљзим Баша не веруваат во пописните резултите, нарекувајќи ја ова статистичка операција „деформиран попис“, додавајќи дека „Албанија не заслужува распаѓање, најголем извоз на Рама, заминувањето на Албанците“.За Партијата на слободата на Илир Мета, Рама го купил пописот како гласовите на избори а денешното објавување на резултатите е едноставно фарса. аа/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан