• недела, 06 октомври 2024

Македонско сонце насликано на вратоврската на претседателот Пендаровски

Македонско сонце насликано на вратоврската на претседателот Пендаровски
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Интерактивна ликовна работилница денеска беше одржана во галеријата „КО-РА“ во домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, во рамки на изложбата на студентката Вероника Љоровска, на која присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата Елизабета. Љоровска, која е втора година на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет, според програмата за лица со специјални потреби, на вратоврската на претседателот Пендаровски наслика македонско сонце. - Претставници од Европскиот универзитет и од Кабинетот на Претседателот на државата, непосредно беа вклучени во оваа благородна посета, која воедно беше и повод за една интерактивна ликовна изведба во чии рамки беше создадено дело кое воедно ја афирмира и нашата култура и историја преточена во симболот на сонцето, велат од галеријата „КО-РА“.ир/са/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан