• петок, 27 декември 2024

Македонското здружение на стоматолози специјалисти го изрази незадоволството од МЗ и ФЗО

Македонското здружение на стоматолози специјалисти го изрази незадоволството од МЗ и ФЗО
Скопје, 6 октомври 2021  Дали на државата и се потребни стоматолози специјалисти? Дали на оваа држава и треба квалитатна стоматолошка услуга за пациентите кои добиваат третман покриен од ФЗО? На народот да, a на ФЗО и Министерство за здревство не. Дали фондот склучува срамни (понижувачки) договори со специјалистичките стоматолошки ординации? Веќе 15 години претставници на стоматолозите специјалисти со поддршка на Стоматолошката Комора на Македонија преку нејзините органи се обидуваат да преговараат со ФЗО, но без успешно. Долго време се обидуваме да закажеме средба и со министерот за здравство, но и таму вратите ни се затворени. Сѐ останува на празни зборови, ветувања и лаги. ФЗО во улога на банка на народните пари и позиција на монопол и моќ склучува понижувачки договори со специјалистичките стоматолошки ординации. На ваков начин преку нaс државата си го купува социјалниот мир, а докторите специјалисти давајќи ги својте услуги бесплатно, се доведени на работ на егзистенција. Со средствата кои ги добиваат од ФЗО не може да се оствари ниту минимална плата, а другите трошоци мора да се покриваат со други средства. Со тоа на пациентите им е оневозможено да добиваат квалитатна здравствена услуга во чекор со светските трендови. Станува збор за следново: Поголемиот број специјалистички стоматолошки ординации се опремени со приватни - сопствени сретства на докторот а исто и нивните специјализации и други едукации се приватно финансирани. Тие склучуваат договор со ФЗО нудејќи ги ординациите и нивниот интелектуален труд за цена која е формирана пред приватизацијата - пред повеќе од 15 години, а во меѓу време цените на материјалите и на другите трошоци во ординациите се зголемени повеќе од 300%, а и минималната и просечната плата се покачени за 100%. Со последните најави на премиерот дека минималната плата до нова година ќе се зголеми до 18.000,00 денари ние нема да бидеме во можност да ја исплатиме и неа. Специјалистичките стоматолошки ординации ги опфаќаат најранливите категории на пациенти, најчесто постари лица над 60 години и деца до 18 години. Дали во Република Северна Македонија се нај евтини специјалистичките стоматолошки услуги благодарение на бесплатниот интелектуален труд на докторот? Стоматолозите специјалисти не се социјални случаи и не бараат социјална помош. Бараат нивниот професионален труд и долгогодишното искуство да бидат соодветно платени. Навистина не разбираме зошто сеуште претставниците од ФЗО и Министерството за здравство не можат да ја решат ваквата состојба за која и самите ни велат дека е под секое достоинство.  Дали во ФЗО во кој изминативе 15 години има двојно повејќе вработени, се уште нема доволно стручни лица кој ќе направат објективна и реална финансиска анализа за стоматолозите специјалисти да го добијат заслужениот дел кој со долгогодишен професионален труд го заслужуваат? Ние како Македонско здружение на стоматолози специјалисти сме во постојан контакт со сите колеги од нашата држава и нивното незадоволство е на високо ниво. Навистина е жално да ги затвораат своите ординации или да ги откажуваат договорите со фондот, а нај големи губитници да бидат пациентите. И повторно истото прашање, дали на државата и се потребни стоматолози специјалисти? Македонско здружение на стоматолози специјалисти —————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан