• среда, 25 декември 2024

Македонско-романски бизнис-форум

Македонско-романски бизнис-форум
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во во земјава, денеска организира „Македонско-романски бизнис-форум и билатерални средби“. На Форумот, покрај работниот дел на кој ќе се обратат Анета Трајковска, потпретседател на Стопанската комора, Адела Моника Аксинте, амбасадор на Романија во Скопје и Паул Бутнариу, претседател на Трговско-индустриската комора на Јаши, предвидени се и билатерални средби меѓу претставници на бизнис-заедниците од двете земји. Акцент ќе биде ставен на секторите: градежништво, туризам, консалтинг, образование, веб дизајн, маркетинг, графички дизајн, медицинска опрема, производители на пиво,производители на хербициди, пестициди, инсектициди, ѓубрива, текстилна индустрија и ИТ-сектор. Биснис-форумот ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, со почеток во 11:00 часот. са/сп/

Остани поврзан