• среда, 18 декември 2024

Македонски Концепт: Ја поддржуваме соработка на Владата со стратешките партнери во борбата против тероризмот, криминалот и корумпираните политичари

Македонски Концепт: Ја поддржуваме соработка на Владата со стратешките партнери во борбата против тероризмот, криминалот и корумпираните политичари

Скопје, 17 декември 2024

Ја поддржуваме соработка на Владата со стратешките партнери во борбата против тероризмот во Македонија, криминалот и корумпираните политичари.

Во светло на неодамнешните настани, станува очигледно дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) се обидува да предизвика политички тензии и дестабилизација со цел да избегне одговорност за криминалните активности на нејзините членови. Овие постапки претставуваат обид за избегнување од правдата и манипулација со јавноста.

ДУИ и нејзините соработници - кои се синоним за најголемиот грабеж на Македонија последните две децении, преку создавање на атмосфера на етнички тензии, се обидуваат да го дефокусираат вниманието од нивните незаконски дејствија. Ова е неприфатливо и претставува директен удар врз правниот систем и демократијата во нашата земја.

Ги повикуваме сите граѓани и институции со цврста рака да се бориме против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност на сторителите. Само преку заедничка и решителна акција можеме да обезбедиме правда и просперитет за сите.

Неможе да дозволиме обидите за избегнување од правдата да успеат. Секој што е вмешан во незаконски активности мора да биде изведен пред лицето на правдата и да сноси соодветна одговорност.

Воедно ги повикуваме надлежните органи да продолжат со превземање на ефикасни мерки за истрага и санкционирање на сите инволвирани лица во овие криминални активности поради кои избегаа илјадници наши сограѓани од Македонија. Само на тој начин можеме да ја вратиме довербата на граѓаните, во институциите и ќе обезбедиме стабилност и напредок на нашата држава.

 

Центар за комуникации и aнализа на Македонски Концепт

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан