Македонски Концепт: Поддршка и повик до Владата за енергично справување со криминалните структури во судството и обвинителството
- Ги повикуваме надлежните институции и Владата на Република Македонија на поинтензивен и одлучен пристап во разобличување и елиминација на заостанатите криминални структури во судството и обвинителството. Овие структури претставуваат сериозна закана за правдата, довербата на граѓаните и владеењето на правото.
Скопје, 13 декември 2024
Ги повикуваме надлежните институции и Владата на Република Македонија на поинтензивен и одлучен пристап во разобличување и елиминација на заостанатите криминални структури во судството и обвинителството. Овие структури претставуваат сериозна закана за правдата, довербата на граѓаните и владеењето на правото.
Потребно е итно преземање на конкретни чекори за реформа, транспарентност и враќање на интегритетот во овие витални институции. Единствено со цврста решителност и координиран напор може да се обезбеди праведност и еднаквост пред законот за сите граѓани.
Ги охрабруваме сите чинители во општеството да го поддржат овој процес како дел од заедничката борба за подобра иднина
Со почит,
Центар за kомуникации и aнализа на Македонски Концепт
Фото: Македонски Концепт
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.