• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонски Концепт изразува загриженост за предложените измени на Законот за медиуми

Македонски Концепт изразува загриженост за предложените измени на Законот за медиуми

Скопје, 15 март 2025

Македонски Концепт ја повикува Владата, Собранието, асоцијациите на медиуми и новинари и целокупната јавноста да посветат големо и длабоко внимание во врска со предложените измени на Законот за медиуми, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на слободата на медиумите како темел на демократското општество.

Македонски коцепт повикува на внимателна, редовна и широка процедура за измените на овој закон. Потребна е јавна расправа за да можеме да дојдеме до соодветни решенија.

Македонски концепт цени дека наметнување на обврската за минимум три редовно вработене во порталите кои ќе сакаат да бидат медиуми не оди во полза на никого, ниту на државата, ниту на слободата на медиумите, ниту на граѓаните.

Медиумската слобода и отворениот медиумски пазар се клучни за информирање на јавноста, промовирање на плурализам и обезбедување на демократски процеси. Секоја регулација во оваа област треба внимателно да се разгледа и да биде во функција на поттикнување на слободна конкуренција, без непотребни ограничувања кои би можеле да предизвикаат несакани ефекти, како концентрација на медиумската моќ или намалување на квалитетот на информирањето.

Ги повикуваме надлежните институции да пристапат со транспарентност, инклузивност и дијалог при разгледувањето на овие измени, со цел да се обезбеди дека сите заинтересирани страни ќе бидат вклучени во процесот. Нашата заедничка цел треба да биде создавање на средина во која медиумите ќе работат слободно, одговорно и без притисок, а граѓаните ќе бидат правилно и објективно информирани.

Веруваме дека само преку заеднички и добронамерни напори може да се постигне рамнотежа помеѓу регулациите и слободата на говорот, обезбедувајќи здрава и функционална медиумска сцена во Македонија.

Центар за комуникации и анализа - Македонски Концепт

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

Остани поврзан