• недела, 24 ноември 2024

Македонски концепт: Ангел Џамбаски го напаѓа Богојески по нарачка на Каракачанов

Македонски концепт: Ангел Џамбаски го напаѓа Богојески по нарачка на Каракачанов
Скопје, 5 ноември 2020 Бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки остро го нападна промоторот на Македонски концепт Петар Богојески, притоа сеејќи омраза помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија. Сето ова се должи на објавите на Богојески во кои повикува на разбирање од соседна Бугарија и изнаоѓање на разумно, заедничко и европско решение. Според Богојески ова е класичен напад кон него, по нарачка на министерот за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов. Џамбаски во својата објава вели и дека бугарското ВМРО нема поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Република Северна Македонија, освен ако властите во Скопје не го спроведат Договорот за соседство веднаш и безусловно и тоа не е предмет на преговори или било какви компромиси. На овие напади Богојески одговори преку својот официјален фејсбук профил, каде му порача на Каракачанов да не се плаши од ТВ дуел, а доколку има потреба може да ги повика и европратеникот Џамбаски и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева. “Господин Красимир Каракачанов, нема потреба да се плашите од ТВ дуелот! Целта не е да шириме омраза, туку да ги разрешиме проблемите на транспарентен начин! Во недостаток на таа храброст, немавте потреба да го испраќате господин Џамбаски да одговара”, пишува Богојески, додавајќи дека омразата и заканите од соседна Бугарија не запираат. “Јас го разбирам господинот Ангел Џамбазки дека не може да живее без омраза, тој таков јазик користи кон различни етноси во самата Бугарија, но Европската идеја не повикува на ничии корени, туку на заедничка иднина. Жално е што Бугарија има вакви европратеници, кои се чемер и јад за цела Европа. Ја разбирам желбата на некои луѓе да им служат на туѓи интереси во Бугарија и Македонија, но се надевам дека иднината и припаѓа на сериозни политичари кои ќе ги надминат старите страсти и јунаци”, додава тој. Тим за комуникација со медиуми Македонски концепт ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан