• четврток, 26 декември 2024

Македонски државјанин уапсен на косовско-албанската граница поради обид да подмити полицаец со пет евра

Македонски државјанин уапсен на косовско-албанската граница поради обид да подмити полицаец со пет евра

Приштина, 1 јуни 2022 (МИА) – Државјанин на Република Северна Македонија е приведен од страна на косовската полиција, поради обид да поткупи со пет евра полицаец кој му ги прегледувал патните исправи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во дневниот извештај на косовската полиција се наведува дека настанот се случил вчера (вторник, 31 мај), на граничниот премин Вермица/Морина на косовско –албанската граница.

По налог на надлежен обвинител македонскиот државјанин е пуштен да се брани од слобода, додека пасошот му е запленет до завршувањето на судските процедури. иа/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан