• сабота, 31 август 2024

Македонски државјанин приведен при влез во Бугарија

Македонски државјанин приведен при влез во Бугарија
Софија, 30 октомври 2022 (МИА) - При гранична контрола за влез во Бугарија од Северна Македонија, приведен е македонски државјанин, јави дописникот на МИА од Софија по информација на бугарското Министерство за внатрешни работи. -Приведениот македонски државјанин се бара од 2020 година од бугарските власти и тоа нема никаква врска со денешното отворање на македонскиот клуб во Благоевград, објаснуваат за МИА од бугарското МВР. Уапсениот не бил баран од Интерпол, неофицијално коментираат за МИА од граничната полиција на Бугарија. нк/бк/

Остани поврзан