• четврток, 26 декември 2024

Македонски државјанин приведен на преминот Морина, не пријавил околу 17.000 евра

Македонски државјанин приведен на преминот Морина, не пријавил околу 17.000 евра
Тирана, 11 февруари 2022 (МИА) - На граничниот премин Морина, на албанско - косовската граница приведен е 42 - годишен жител на Северна Македонија при обид да ја мине границата со 16.950 евра.
-Лицето А.С. патувало со возило мерцедес бенц и на втората контрола при влез на албанска територија му бил откриен непријавениот износ на пари. Тој претходно на прашањето дали има нешто да пријави одговорил не, пренесуваат албанските медиуми.
Парите биле скриени во возилото. Тие се запленети, а против А.С. е поднесена кривична пријава за „непријавување пари и вредни предмети на граница". вт/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан