• среда, 25 декември 2024

Македонските шахисти и шахистки извојуваа победи на 45. Олимпијада во Будимпешта

Македонските шахисти и шахистки извојуваа победи на 45. Олимпијада во Будимпешта

 

Будимпешта, 13 септември 2024 (МИА) – Третото коло на 45. шаховска Олимпијада во Будимпешта беше успешно за македонските селекции кои забележаа победи во машка и женска конкуренција.

Македонските шахисти извојуваа максимална победа над Зеленортските острови од 4-0 и со 9.5 поени се на делба на 48 место со Парагвај.

Во четвртото коло шахистите на Македонија ќе играат против Холандија.

Во женска конкуренција македонската репрезентација беше убедлива во дуелот со Хондурас и забележа победа од 3.5 – 0.5.

Македонските шахистки се на делба на 57 место со Луксембург со осум освоени поени, а во четвртото коло за противник ќе ја имаат Италија. ег ФОТО: ШФМ

Остани поврзан