• вторник, 24 декември 2024

Македонските футсалци ќе играат против Холандија и со Андора

Македонските футсалци ќе играат против Холандија и со Андора

Скопје, 11 декември 2024 (МИА) – Македонската футсал репрезентација ја очекуваат натпревари против Холандија и против Андора во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Првиот од двата квалификациски мечеви „црвено-жолтите“ го играат на гостински терен Холандија. Дуелот е закажан за в петок (13 декември), во Алмере со почеток од 19:30 часот.

Во вториот квалификациски меч, на домашен терен, Македонија ја пречекува Андора, на 18 декември со почеток во 19 часот, во спортската сала „Јане Сандански".

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за овие средби ги повика: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Никола Спасовски, Зоран Левски, Таулант Исмаили, Даниел Марињо Де Соуза, Марио Благојевски, Садат Зибери, Драган Петровиќ, Игор Леовски, Димитар Јанев, Јакуп Рамадани, Иван Крстевски и Даниел Марихио Де Соуза. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан