• четврток, 26 декември 2024

Македонските футсалци поразени од БиХ во евроквалификациите

Македонските футсалци поразени од БиХ во евроквалификациите
Скопје, 8 април 2021 (МИА) – Македонската футсал репрезентација ги загуби шансите за пласман на Европското првенство, откако вечерва загуби во драматична завршница од Босна и Херцеговина во Скопје со 3:2 (1:0) во рамки на претпоследниот натпревар во квалификациите. Репрезентацијата на БиХ, која уште пред вечерашниот меч го обезбеди пласманот на завршниот турнир како првопласирана во квалификациската група поведе преку Јосип Сесар во 13 минута. Во отсуство на неколку повредени и позитивни играчи на коронавирус, ослабениот македонски состав успеа да израмни преку капитенот Дарко Ранготов во 22 минута, но Мирко Хркаќ во 36 минута повторно донесе предност за гостите. Македонската репрезентација беше блиску до освојување бод, откако Јакуп Рамадан го израмни резултатот во 38 минута, но Билал Јелиќ на 12 секунди пред истекот биеше прецизно за продолжување на беспрекорната победничка серија на БиХ во евроквалификациите. Избраниците на Васил Скендеровски по пет натпревари се на делба со Романија на последното место во групата 4 со два бода, а евроквалификациите ќе ги завршат идната среда со меѓусебниот дуел во Темишвар. ег/ир

Остани поврзан