• недела, 24 ноември 2024

Македонските фудбалски надежи ремизираа и во вториот контролен дуел со Унгарија

Македонските фудбалски надежи ремизираа и во вториот контролен дуел со Унгарија
Ѓер, 16 септември 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 18 години попладнево одигра 2:2 на гостувањето во Ѓер кај соодветната селекција на Унгарија. Унгарците први дојдоа во водство по седум минути игра, а потоа за само две минути, од 34-36. минута „црвено-жолтите“ направија резултатски пресврт со головите на Бесар Гуџуфи и Никола Павлески. Сепак, избраниците на селекторот Неџат Шабани, слично како на мечот пред два дена, во финишот (80. минута) примија гол и пропуштија да слават победа. Во вторникот, двете репрезентации одиграа нерешено 1:1. зс/

Остани поврзан