• петок, 27 декември 2024

Македонските фудбалерки на контролен дуел со БиХ

Македонските фудбалерки на контролен дуел со БиХ
Скопје, 23 август 2021 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација во пријателски натпревар ќе ги одмери силите со селекцијата на Босна и Херцеговина. Селекторот Кирил Изов се одлучи да ги повика следните фудбалерки: Павлинка Николовска, Елена Панеска, Викторија Панчурова, Теодора Димоска, Ане Бошеска, Афродита Салихи, Јулија Жифиќ, Јилза Максути, Суарта Речи, Положани Синдис, Теодора Јанковска, Јана Чубриноска, Катерина Милеска, Радица Чонева, Кристина Петрушевска, Александра Марковска, Елена Петровска, Драгана Гегова, Рабија Дервиши и Хава Мустафа. - Се наоѓаме на неполн месец пред стартот на новите квалификации каде што во првиот дуел ќе ги одмериме силите со Англија во Саутемптон. Натпреварот со Босна и Херцеговина е еден вид на генералка пред почетокот на квалификацискиот циклус. Повикани се исклучиво фудбалерки од домашното првенство, со оглед на тоа што овој натпревар не е во рамките на УЕФА терминот и нема да можеме да сметаме на интернационалките, што преставува проблем за нас. Меѓутоа ќе дадеме се од себе, ќе собереме сили за да се спротивставиме на силниот противник и се надевам дека ќе успееме да избориме позитивен резултат. Натпреварот ќе се одигра на 26 август во Зеница. зс/

Остани поврзан