• среда, 27 ноември 2024

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) – Македонската репрезентација составено од фудбалерки до 19 години, од 27 ноември до 3 декември ќе учествува на УЕФА квалификацискиот турнир што ќе се одржи во Португалија.

Македонија се наоѓа во А лигата (2 рунда), каде за противници ќе ги има селекциите на Франција, Португалија и Словачка.

Првиот меч од квалификацискиот турнир македонските фудбалерки ќе го имаат на 27 ноември против Франција.

Во второто коло „црвено-жолтите“ ќе се соочат со домаќинот, репрезентацијата на Португалија. Овој дуел на програмата е на 30 декември, а во последното коло, играат против Словачка, на 3 декември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан