• среда, 25 декември 2024

Македонските фудбалерки ги почнаа подготовките за мундијалските квалификации

Македонските фудбалерки ги почнаа подготовките за мундијалските квалификации
Скопје, 14 септември 2021 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација денеска во Скопје ги стартуваше подготовките за квалификациите за пласман на Светското првенство, чии домаќини во 2023 година ќе бидат Австралија и Нов Зеланд. Избраничките на селекторот Кирил Изов попладнево на терените на тренинг центарот на ФФМ го одржа првиот тренинг во комплетен состав, предводени од капитенката Наташа Андонова. Прв противник на македонските фудбалерки во новиот мундијалски квалификациски циклус ќе биде Англија, в петок во Саутемптон, по што следува дуелот против Австрија во Скопје на 21 овој месец во рамки на 2. коло во групата Д. ег/ев/

Остани поврзан