• недела, 22 декември 2024

Македонските фудбалери освоија бод со Англија

Македонските фудбалери освоија бод со Англија

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено, 1:1 со Англија вечерва во последното коло од Ц-групата во квалификациите за Европското првенство 2024.

„Црвено-жолтите“ поведоа преку Енис Барди во 41. минута по неуспешниот изведен пенал, но одбиената топка му се врати и тој ја смести во мрежата на гостинскиот голман Џордан Пикфорд.

Англичаните почнаа силно во второто полувреме и по само неколку минути постигнаа гол преку Џек Грилиш, но ВАР интервенираше и беше досуден офсајд. 

Сепак, во 59. минута резултатот беше 1:1, откако Јани Атанасов си постигна автогол по гостински корнер. Овој резултат остана до крајот на задоволството на 30-илјадната публика присутна на Националната арена.

За македонскиот национален тим ова е трето реми во шестиот меѓусебен дуел со фаворитот Англија и прв нерешен резултат на домашен терен. 

Македонците квалификациите ги завршија со осум бода на четвртото место, Англија е прва со 20 бода и обезбедено учество на Европскиот шампионат во Германија следната година. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан