• среда, 25 декември 2024

Македонските фудбалери до 18 години ремизираа со Унгарија

Македонските фудбалери до 18 години ремизираа со Унгарија

Скопје, 10 август 2023 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра нерешено, 1:1 со соодветната селекција на Унгарија во вчерашниот контролен дуел на стадионот во „Ѓорче Петров".

 

Унгарците го отворија резултатот со гол од пенал во 23. минута. Конечните 1:1 ги постави капитенот Мелиќи во 55. Минута.

 

Селекторот Вујадин Станојковиќ натпреварот го почна со следниот состав: Славе Вргов, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Синани Милот, Анес Мелиќи, Теодор Хаџи Попоски, Тарик Демишоски, Максимилиан Димитријевски, Алтил Алији, Никола Манојлов, Давид Матески. зс/

Остани поврзан