• среда, 25 декември 2024

Македонските фудбалери до 16 години гостуваат во Подгорица

Македонските фудбалери до 16 години гостуваат во Подгорица
Скопје, 14 март 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 16 години оваа недела ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора на гостински терен. Првиот дуел ќе биде одигран утре, со почеток во 15 часот на тренинг центарот во Подгорица, а втората средба е на истиот стадион два дена подоцна со почеток од 11 часот. Селекторот на Македонија до 16 години, Вујадин Станојковиќ за претстојните натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери: Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Спаско Ахтаров (Македонија Ѓ.П.); Одбрана: Андреј Велков (Брегалница), Анес Мељичи (Шкендија), Никола Стојковски (Работнички), Генц Кќику (Работнички), Андреј Љубевски (Работнички), Кристијан Галевски (Академија Пандев); Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Фљакрон Мемиши (Шкендија), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Дарио Јакимовски (Македонија Ѓ.П.), Дарко Сековски (Вардар), Валдет Јакупи (Академија Буркенланд, Австрија), Даниел Коцев (Работнички), Никола Манојлов (Работнички); Напад: Алтин Алији (Вардар), Стефан Младеновски (Вардар), Веби Ислами (Шкендија), Мухамед Елмас (Работнички). ег/вј/  

Остани поврзан